Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на мечот Македонија – Италија во квалификациите за ЕВРО 2024. Германски судии ќе бидат на центарот а главен е Феликс Цваер, еден од најпознатите во својата земја кој редовно суди и на европската сцена.
Роден е во Берлин во 1981 година и како што рековме важи за еден од најдобрите делители на правдата во својата земја. Негови помошници се Стефан Луп и Патрик Итрих, додека четврти е Едиард Белтингер.
Исто и во ВАР собата ќе бидат судии од Германија, Бастијан Данкерт и Свен Јаблонски.
Инаку како што е познато мечот се игра во сабота на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот.
ФОТО: Twitter