И Караско во С. Арабија, потпиша за Ал Шабаб

157

Саудискиот клуб Ал Шабаб официјално го претстави Јаник Фереира Караско како ново засилување. Фудбалерот потпиша 3-годишен договор со клубот.

Саудијците му платија на Атлетико Мадрид 15 милиони евра за белгискиот интернационалец, кој беше дел од „јорганциитее“ во последните три години. Минатата сезона тој одигра 35 натпревари и постигна 7 гола за Атлетико.

Караско е првото големо засилување за Ал Шабаб, кој оваа сезона во саудиската Про лига е на самото дно на табелата.

ПретходноОсминафиналето го имаме во рака, денеска ја напаѓаме Холандија за место при врвот!
СледноМанев: Ако не веруваме, нема да бидеме тука