Марко Алчевски: Нема да биде лесно против Шведска, но верувам во позитивен резултат

143

Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска во Скопје ќе го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Јенчепинг. На 8. септември го играме првиот натпревар против домаќинот, селекцијата на Шведска, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Словачка 2025 година.

Четири дена подоцна во Скопје силите ќе ги одмериме против фаворитот во групата, селекцијата на Холандија.

Голманот на младата репрезентација на Македонија предводена од селекторот Драги Канатларовски, Марко Алчевски ги сподели своите очекувања пред стартот на квалификациите.

Постојано растеме ,напредуваме и созреваме од натпревар во натпревар. Функционираме како едно семејство, знаеме сите што значи да се претставува својата држава, подготвени сме за стартот на квалификациите. Владее одлична атмосфера во целата репрезентацијам, тоа ни дава голема надеж и верба дека се наоѓаме на вистинскиот пат.

Изминатиов период имавме можност да одиграме голем број на контролни натпревари што ни беа од голема корист за подобрување на нашата игра. Генерално сум задоволен од тоа што го прикажавме на овие натпревари против силни репрезентации. Но квалификацискиот циклус е нешто сосема поразлично и поважно. Треба сите максимално да ја оправдаме довербата која ни беше дадена од селекторот и неговиот стручен тим. Мислам дека треба, а и редно време е повторно да ја израдуваме нашата нација со добри игри, позитивни резултати и пласман на уште едно големо натпреварување“, вели Алчевски. 

Нашите фудбалери се свесни што ги чека, дека мора да имаат добар пристап на мечот и да го спроведат договореното.

„Свесни сме сите дека нема воопшто да биде лесно против Шведска, но искрено верувам дека се ќе зависи од самите нас, нашиот пристап кон натпреварот. Доколку истрчаме на терен со ладни глави, ако функционираме како еден тим, се бориме за секоја топка на теренот и ги слушаме инструкциите на стручниот тим, сигурен сум дека можеме да се вратиме во Скопје со сите три освоени бода“, велит македонскиот репрезентативец. 

Репрезентацијата на Македонија до 21 година се наоѓа во групата Ц, заедно со селекциите на Шведска, Холандија, Молдавија, Грузија и Гибралтар.

Претходно„Убиецот“ на Италија во Палермо: Денеска Трајковски го слави 31. роденден!
СледноАмериканците се налутија и ја „здробија“ Италија на Мундобаскетот