МЗТ Скопје Аеродром денеска го одигра првиот подготвителен натпревар во пресрет на новата сезона. Актуелниот македонски првак беше гостин кај повеќекратниот грчки шампион Арис, каде беше поразен со (67-87).
Кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа одлични три четвртини (14-22, 25-13, 19-26) , водеа на полувремето (39-36), но поспремниот противник со серија 11-0 се одлепи во последниот период и дојде до триумф.
Бојан Крстевски со 12 поени беше најефикасен, Седрик Расел постигна 10 поени, Дамјан Робев беше стрелец на девет поени, Ијасу Ворку реализира седум, а Андреј Андоноски и Марко Баковиќ уфрлија по шест поени.
Серијата пријателски средби МЗТ Скопје ја продолжува во петок кога ќе го пречекува косовскиот тим Пеја.