На 32 години ќе дебитира за Германија

547

Германската фудбалска репрезентација се подготвува за Еп 2024 година на кое ќе биде домаќин. Селекторот Ханси Флик проверува многу фудбалер за да оцени кој може да се вклопи во неговите идеи и шеми, па така за претстојните два пријателски натпревари, против Јапонија на 9 септември и против Франција на 12 септември го повика Паскал Грос, фудбалерот на Брајтон кој има 32 години и ќе дебитира за националниот тим.
Грос првпат е повикан во репрезентацијата, а од списокот тој и третиот голман Оливер Бауман немаат настап за Германија. Грос е универзалец, може да игра на неколку позиции – играч за врска, десеб бек, офанзивен играч за врска, па во кариерата играл и како напаѓач.
Кариерата ја почнал во Хофенхајм, играл за Карлсруе, потоа Инголштад и од 2017 година во англиски Брајтон. Тој стандардно добар во редовите на „галебите“ па Флик го повика да го испроба во националниот тим.
На списокот се наоѓаат искусните Ридигер, Тер Штеген, Трап, Гундоган и Милер како капитен.
Од помладите играчи на списокот се Малик Тиав, бекот на Милан, потоа офанзивниот играч за врска Феликс Нмеча од Борусија Дортмунд, Флоријан Вирц од Леверкузен, Кевин Шаде од Брентфорд, Џамал Мусиала од Баерн кој има најмногу настапи од сите овие споменати (20 меча).

ПретходноОд „Олд Трафорд“ во Бешикташ
СледноГоразд Михаилов е прв пик за нов тренер на Шкупи, се споменува и Просинечки!