Црногорскиот фудбалски репрезентативец Стеван Јоветиќ повторно го смени клубот. Од денеска е нов фудбалер на грчки Олимпијакос кој е негов осми различен клуб во досегашната кариера.
„Јо-Јо“ со тимот од Пиреја потпишал едногодишен договор со опција да го продолжи на уште една.
Јоветиќ ја почна кариерата во 2006 година во Партизан, играше и за Фиорентина, Манчестер Сити, Интер, Севиља, Монако и Херта.
Инаку по Јоветиќ, Олимпијакос објави дека го вратиле и португалскиот крилен играч Даниел Поденсе. Тој во 2020 година го напушти Олимпијакос и потпиша за Вулверхемптон, а сега се враќа во Пиреја како позајмен играч.