Онана се враќа во репрезентацијата на Камерун

115

Откако демонстративно го напушти репрезентативниот табор пред извесно време, голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, објави дека прави кам бек во националниот дрес.

Камерун има закажано квалификациски меч против репрезентацијата на Бурунди, а Онана и официјално се најде на списокот за овој меч.

Африканските репрезентации и нивните звезди кои играат во Европа често знаат да бидат тема на скандали од секаков вид, а ете овој има среќен крај што се однесува до еден од најквалитетните чувари на мрежата на денешницата.

 

ПретходноАл Итихад нуди 40 милиони евра за ѕвездата на Реал Мадрид!
СледноФудбалерот на Манчестер Ј. исфрлен од репрезентацијата на Бразил