Шаби: Тие сервираат бомби, првпат ми се случува да примам сервиси со над 120 км на час

1479

Македонија го забележа вториот пораз на одбојкарското ЕП, овојпат од Холандија со 0-3. Без капитенот македонскиот тим немаше сила да се избори против силните Холанѓани кои беа на високо ниво. Следен противник е Чешка, меч на кој можеме да се надеваме на победа.

На прашањето зошто не е победена Холандија, Дарко Ангеловски – Шаби изјави:
Дека сервираат со бомби. Ова првпат ми се случува во кариерата, да примам секој сервис над 120 км на час. Тие се меѓу топ 5 репрезентации, разочарувачки е што изгубивме 3-0 но и публиката виде дека се многу квалитетни и доминантни.
Никола многу недостасува на коректорската позиција, Љафтов се обиде да го замени. Да требаше јас да зимам поени ќе имав нула поени, овој блок не можеш да го поминеш, сепак, сум либеро па примав топки. Примив многу бомби денес, Македонија благодарам што не гледате. Утре е последен меч, дојдете и нема да ве разочараме“, изјави Ангеловски.

За мечот со Чешка…
Да се одмориме, па ќе видиме. Тие имаат добри сервисери, бомбардери. Лично ќе дадам се од себе, да има многу публика, шоуто да се изгледа до крај, па кога ќе отидеме во Бари да гледаат на малите екрани“, вели Шаби.

ПретходноМилев: Да бевме комплетни – ќе париравме подобро!
СледноЃорѓиев со прв коментар по повредата: Навистина сум тажен и разочаран, јас живеам за овие мечеви!