Денеска делегација на младата репрезентација на Македонија до 21. година беше во посета на поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан при што беше обавен пријатен и срдечен разговор.
При тоа, г.г. Стефан испрати топли поздрави до нашите млади репрезентативци со гордост и љубов да ја претставуваат нашата држава ширум Европа и светот, и со срце да настапуваат за Македонија.
Притоа, подари крст за секој наш репрезентативец, и икона која ќе има посебно место во витрините на нашиот национален тим.
Инаку репрезентацијата на Македонија до 21. година утре изутрина патува за Шведска каде на 8 септември го игра првиот меч од новите кваливикафии против Шведска на гостински терен.