Висар Муслиу: Не постои страв од Италија!

166

 

Висар Муслиу е еден од нашите најдобри фудбалери. Секогаш може да сметаш на неговата борбеност, залагање, секако и квалитет. Ни во сон не може да се замисли нашата одбрана без него.

Во пресрет на дуелот со Италија, Муслиу изјави:

“За разлика од последните натпревари, сега сакаме да се прикажеме во најдобро светло. Мора да бидеме на високо ниво, и тактички и физички. Италија има план како тоа да одигра, тоа секако, но и ние исто така. Не постои страв од Италија, ние не играме првпат против европски прваци. Мораме да заборавиме што се случуваше на средбите со Украна и Англија, тоа е веќе минато. Мораме да гледаме напред“ истакна Муслиу.

ПретходноВиљареал го oтпушти тренерот
СледноПелистер се засили со Танушев!