Виљареал го oтпушти тренерот

179

Шпанскиот фудбалски тренер Кике Сетиен не е повеќе шеф на стручниот штаб на Виљареал, соопштија од клубот. Сетиен е сменет затоа што во првите четири кола на Ла Лига екипата забележа три порази, а шпанскиот клуб моментално се наоѓа на 15. место со три бода.
Одлуката за негова смена е донесена на почетокот на репрезентативната пауза, а тренерското место привремено го презема досегашниот спортски директор Мигел Анхел Тена.
Сетиен клупата на Виљареал ја презема во октомври минатата година откако Унаи Емери замина во Астон Вила.

ПретходноЃорѓиев со прв коментар по повредата: Навистина сум тажен и разочаран, јас живеам за овие мечеви!
СледноВисар Муслиу: Не постои страв од Италија!