ГФК Охрид Лихнидос во продолжение на сезоната ќе биде без досегашниот песф на стручниот штаб, Пепи Џигероски. Според информациите од овој град, тој си поднел оставка, причината се лошите резултати кои тимот ги оствари до сега.
Во меѓувреме местото на сега веќе екс-тренерот на охридскиот второлигаш ќе го превземе досегашниот помошник, Александар Толески.
После поразот од Вардар (Н), ГФК Охрид е на деветото место на табелата.