Манев: Ако не веруваме, нема да бидеме тука

180

По вчерашниот собир, македонските фдубалски репрезентативци продолжуваат во Скопје со подготовките за престојните квалификациски средби со Италија и Малта. Во септемврискиот циклус, избраниците на селекторот Милевски ги чекаат дуелите со „аѕурите“ на 9 септември во Скопје и на гости на 12 септември со Малта.

Дефанзивецот Јован Манев вели дека верува дека сите фудбалери ќе го дадат максимумот против Италија.

„На Италија никој не може да и се заканува. Сите знаеме за каква сила во фудбалот станува збор. Фудбалски е да се надеваме на позитивен резултат. Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде максимумот. Ако не веруваме, нема да бидеме тука”, изјави Манев.

ПретходноИ Караско во С. Арабија, потпиша за Ал Шабаб
СледноГорџијан останува селектор на Австралија