Македонската одбојкарска репрезентација го запиша вториот пораз на Европското првенство, беше совладана од фаворизираниот состав на Холандија со 3-0. На оваа средба селекторот, Јошко Миленковски не можеше да смета на капитенот Никола Ѓорѓиев кој поради проблем со грбот не можеше да одговори за денешната пресметка.
„Здравјето е најважно, да бевме комплетни ќе париравме подобро и да оствариме подобар резултат. Холандија е репрезентација која може да се игра против неа, но да бевме комплетни.
Нивниот сервис е најмоќното оружје, го имаат најдобриот коректор кој сервира бомби. Чешка е добра репрезентација, но не е посилна од Холандија, ако бидеме комплетни можеме да очекуваме подобра игра.
Нашата цел беше да се избегне Италија која е фаворит за освојување на ЕП, можеме да играме со останатите репрезентации рамноправни. Се надеваме дека можеме да ја оствариме таа желба и да ги избегнеме Италијанците.
Публиката покажа дека може да биде наш седми играч, ги повикувам да дојдат во што поголем број за да оствариме уште една победа“, рече Владо Милев.
Нашите момци утре го играа последниот меч од групната фаза, а за противник ја имаа селекцијата на Чешка, противник кој може да се изненади за да патуваат како третопласирани во осминафиналето. Мечот е закажан со почеток во 20 часот.