Искусниот офанзивец Ѓорѓи Танушев е новото засилување во таборот на Пелистер, во тимот кој оваа сезона и тоа како има намера да се најде на првите две места на табелата во ВМФЛ и со тоа да се врати во елитата.
Секако дека Танушев, кој доаѓа од тимот на Гостивар, е големо, огромно засилување во тимот на Влатко Костов кој сега ќе има опција повеќе во нападот.
Инаку Танушев е повратник во Пелистер, него не му е непознато каде доаѓа, а покрај Пелистер и Гостивар, искусниот офанзивец играл и за екипите на Силекс, Хоризонт Т, Победа, Борец, Велес, Брера Струмица…