Потпис пред дербито со Милан: Инзаги го продолжи договорот со Интер

191

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го продолжи договорот со „нероаѕурите“ на уште две години, односно се обврза да остане на „Меаца“ до јуни 2025 година. Овој 47-годишен тренер минатата сезона го предводеше Интер до финалето на Лигата на шампионите кога неговиот тим беше поразен од Манчестер Сити со 1:0.
Под негово водство Интер ги освои последните две изданија на Купот на Италија.
Пред Интер, Инзаги го водеше Лацио од 2016 до 2021 година.
Интер во моментов е лидер во Серија А со девет бодови колку што има и Милан. А миланските ривали ќе се соочат меѓу себе наредното коло кое ќе се одигра на 16 септември.

ПретходноШпанија го отпушти селекторот кој ја донесе светската титула
СледноБез Никола Ѓорѓиев, Холандија беше преголем залак за нас