Шпанија го отпушти селекторот кој ја донесе светската титула

251

Женската репрезентација на Шпанија за прв пат стана светски првак ова лето со триумфот на Мундијалот во Нов Зеланд. Меѓутоа на доделувањето на медалите избувна скандал со однесувањето на првиот човек на Федерацијата Луис Рубиалес и неговото бакнување на фудбалерката Ермосо.

Рубиалес е суспендиран на неопределено време, а денеска отказ доби селекторот Жорге Вилда. Тој осум години беше на кормилото на Шпанија, а оваа година беше врвот на неговата работа – светска титула по триумфот над Англија во финалето.

Но ФФ на Шпанија го отпушти Вилда. Минатата година тој беше во центарот на спорот со 15 играчи кои се откажаа од националниот тим, барајќи поголема професионалност.
Се смета дека Вилда е еден од најблиските сојузници на суспендираниот претседател на РФЕФ, Луис Рубиалес, тој наводно вршел притисок врз Џени Ермосо и нејзиното семејство со цел да му дадат поддршка. Тој не го осуди Рубиалес, а ниту ќе ја поддржа Ермосо.

Откако 79 играчи на Шпанија изјавија дека нема да играат доколку не се направат промени во врвот на организацијата, привремениот претседател Педро Роча донесе одлука да го отстрани од неговите должности.

Фаворити за нов селектор на Шпанија се Монси Томе, досегашниот асистент на Вилда, како и тренерот на Леванте Санчез Вера и селекторот на У19 репрезентацијата Соња Бермудез.

ПретходноАдеми оди во Загреб за да потпише со Динамо, па се враќа за Италија и Малта
СледноПотпис пред дербито со Милан: Инзаги го продолжи договорот со Интер