Репрезентативец на Панама убиен во пресметка на две банди

111

Фудбласкиот репрезентативец на Панама, Жилберто Ернандез загина откако беше застрелан во инцидент во панамскиот пристанишен град Колон. Репрезентативецот на Панама и играч на Атлетико Индепендиенте имаше 26 години.

Инцидентот се случил во зграда во Колон каде двајца мажи отвориле оган врз група луѓе, меѓу кои и Ернандез. Седум други се повредени, а смртно настрана репрезентативецот на Панама.

Според информациите, станува збор за пресметка на две ривалски банди кои треба да контролираат профитабилен пат за шверц на дрога. Ернандез дебитираше за националниот тим на Панама во март оваа година.

ПретходноГринвуд, конечно, најде клуб: Официјално преставен во Хетафе
СледноСпалети ќе постави играч од „својот“ Наполи за нов капитен на Италија