Фото и инфо: www.bitolanews.mk
Е.Пелистер ќе биде единствениот македонски претствник во Лигата на шампиони оваа сезона. Битолчани го подигнаа пехарот во домашниот шампионат и после долго време се враќаат на европската сцена.
На седум дена пред првиот дуел во Лигата на шампиони во салата „Боро Чурлевски“ се работи под „полна пареа“.
Bitolanews сподели фотографија и сите оние новитети, поточно барања од страна на ЕХФ кои се исполнети и оние кои пред самиот крај.
„Соблекувалните и ходниците се целосно реконструирани, се поставува големиот семафор, а зад головите на место најлоните и белото платно е поставена позадината на која е испечатен стилиризиран врвот Пелистер, а тоа име го носат и клубовите во Битола.
Паралелно се работи на реконструкција на паркингот и платото каде се влезовите на спортската сала од страната на Шеталиштето, а паркингот е подготвен и донесени се машините за поставување на асфалт“, стои во информацијата на „Bitolanews“.
Во првото коло, Пелистер го пречекува Колштад, мечот се игра на 14. овој месец.