Скопје како порачанo за рекорди: Леон го собори рекордот на Абдел-Азиз за најбрз сервис (ВИДЕО)

421

Полскиот коректор Вилфредо Леон вечерва на натпреварот меѓу Полска и Данска го собори светскиот рекорд во најбрз сервис.

Само неколку дена откако Нимир Абдел-Азиз го направи истото на теренот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје сервирајќи со брзина од 137 километри на час, денеска Вилфредо Леон на дуелот со Данците „пукна“ сервис со 138 километри на час.

Со овој сервис тој постави нов светски рекорд на едно репрезентативно натпреварување и го израмни својот најдобар клупски сервис од 2020 година.

ПретходноТодор Тодороски потпишува за Залаегерсег!
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Вардар)