Спалети ќе постави играч од „својот“ Наполи за нов капитен на Италија

339

Новиот селектор на Италија, Лучијано Спалети, ќе го направи поранешниот свој играч во Наполи, Џовани ди Лоренцо, нов капитен на Италија.

„Мислам дека тој е вистинскиот избор, Спалети добро го познава, тој беше капитен на неговиот Наполи. Спалети е револуционер во италијанскиот фудбал, Гравина го направи совршениот избор откако Манчини си замина“, изјави агентот на играчот, Марио Џуфреди за весникот „Ил Матино“.

Репрезентацијата на Италија в сабота гостува во Скопје против нашата репрезентација, а потоа ќе игра со Украина во продолжението од квалификациите за ЕП 2024.
ПретходноРепрезентативец на Панама убиен во пресметка на две банди
СледноОсминафиналето го имаме во рака, денеска ја напаѓаме Холандија за место при врвот!