ТИМ И ИГРАЧ НА 6.КОЛО: Ибраими повторно во елемент

365

Три меча за Струга ТЛ во новата сезона и дојде до бројката од три гола или вкупно 189 погодок во историјата на ПМФЛ. Ако се биде како што треба тогаш јасно е дека во оваа сезона Бесарт Ибраими,“бомбардерот“ на шампионот, ќе дојде до магичната бројка од 200 голови во ПМФЛ.

Инаку Бесарт на средбата со Тиквеш, во кој неговиот тим славеше со 3:1 можеше и до хет-трик, но не успеа вториот пенал да го претвори во гол. Сепак и покрај тоа тој е играчот на 6.коло.

Покрај него во тимот на колото се и Незири и Радески, од Вардар тука се Омерагиќ и Мицевски, од Воска која славеше против Брегалница се Марушиќ и Николиќ. Работнички одигра добро кај Брера, освои бод, и затоа тука се Алексовски и Содик.

Силекс победи во Гостивар, најдобар беше Ристовски а во дербито во Тетово каде играа Шкендија и ШКупи 0:0, Илиески беш одличен во одбраната на гостите.

 

ИГРАЧ НА КОЛОТО

БЕСАРТ ИБРАИМИ

Тим: Струга ТЛ

Роден: 17.12.1986 во Кичево

Кариера: Влазерими, Напредок, Ренова, Шалке, Севастопол, Тавриа, Металург Запорожје, Енозис, Шкендија, Ксанти, Струга ТЛ

ПретходноНијаз Јусуфи по пауза од неколку месеци повторно со својот Вардар!
СледноОсијек ја потврди ексклузивата на “СпортСпорт“: Јован Манев е ново име во нашиот клуб!