Зарем некој можеше да претпостави дека Тејлор Фриц ќе може нешто да стори во четвртфиналниот меч на УС Опен против Новак Ѓоковиќ?
Се разбира такви преголеми оптимисти беа сосема малку, но Новак уште еднаш покажа дека е класа за себе. Тој вечерва на стадионот „Артур Еш“, успеа со 3:0 во сетови просто да го збриши од терено Фриц и со тоа да се најде во полуфиналето, а таму ќе игра против подобриот од дуелот Шелтон – Тијафо. Значи пак против Американец.
Србинот првиот сет го доби со 6:1 и веднаш покажа кој е кој на овој меч. Во вториот беше 6:4, а најмногу борба од Фриц видовме во третиот сет, кој сепак Новак го доби со 6:4.
Инаку Новак на овој турнир ја “брка“ својата 24 гренслем титула.