ФА подготвува план како Пеп Гвардиола да стане нов селектор на Англија

252

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, се чини дека ќе се повлече од функцијата по Европското првенство во 2024 година, а ФА ќе тргне по Хосеп Гвардиола од Манчестер Сити како негов наследник, тврди венсикот „Дејли Мејл“.

Договорот на Саутгејт со ФА истекува на крајот на следната година и малку е веројатно дека ќе добие нова соработка. Изданието вели дека назначувањето на Пеп Гвардиола е голема желба на сите од бордот на ФА, кој е подготвен за силни преговори и убедувања со Шпанецот.

Ако сепак не успејат да го убедат менаџерот на Сити, како кандидати за замена на Саутгејт се споменуваат менаџерот на Њукасл, Еди Хау, поранешниот тренер на Брајтон и Челзи, Греам Потер, сегашниот тренер на лондонските „сини“, Маурисио Покетино и повратникот во Селтик, Брендан Роџерс.

ПретходноПроблем за Македонија: Капитенот се повреди, нема да игра против Холандија
СледноАдеми оди во Загреб за да потпише со Динамо, па се враќа за Италија и Малта