Ѓорѓиев со прв коментар по повредата: Навистина сум тажен и разочаран, јас живеам за овие мечеви!

537

Македонија без капитенот Никола Ѓорѓиев излезе на теренот против фаворитот Холандија. Нашиот лидер на два часа пред мечот за здобил со силни болки во грбот. Првите испитувања велат дека станува збор за мусклул, но неизвесноста и натаму продолжува дали ќе може да биде на располагање на селекторот, Јошко Миленковски за мечот за третото место против Чешка.

„Тажен сум, бидејќи поминав толку напор, дисциплина. Не знам што се случи, после ручек отидов до соба и таму останав. Не верував дека туку-така може да се случи вакво нешто. Сакав да играм, пробав со истегнување, препораките на лекарите беа да одмарам. Подобар сум, но болката се уште постои.

Првите прегледи покажаа дека е мускулот. Чекаме да помине дејството на лековите, се надевам дека утре ќе бидам добар. Навистина сум разочаран бидејќи сето ова се случи на два часа пред мечот. Се надевам дека со инјекции ќе биде изводливо, навистина живеам за овие два натпревари, мојот сон е да ја избегнеме Италија во осминафиналето.

Утре имаме шанси да победиме, без разлика дали ќе биде Никола или не, навистина ќе направам се за да бидам во составот. Ја повикувам македонската јавност да дојде во сала, бидејќи овие момци го заслужуваат тоа“, рече капитенот по мечот со Холандија. 

ПретходноШаби: Тие сервираат бомби, првпат ми се случува да примам сервиси со над 120 км на час
СледноВиљареал го oтпушти тренерот