Адеми оди во Загреб за да потпише со Динамо, па се враќа за Италија и Малта

797

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми поради приватни обврски поврзани со продолжувањето на клупската кариера утре наутро заминува за Загреб, пренесе ФФМ. Адеми е повика за дуелите со Италија и со Малта во квалификациите за ЕП, а македонскиот играч за врска ќе отиде да го „среди“ трансферот во Динамо, а веднаш потоа се враќа во Скопје и му се става на располагање на селекторот. Одлуката е донесена во договор со селекторот Благоја Милевски.
Фудбалерот од средниот ред се јави на повикот и покрај повредата на листот на левата нога, повреда која го ограничи на само пет минути игра на последниот натпревар од првенството во Кина. Но истата нема да го спречи да игра на претстојните натпревари.

ПретходноФА подготвува план како Пеп Гвардиола да стане нов селектор на Англија
СледноШпанија го отпушти селекторот кој ја донесе светската титула