Генералниот директор на кошаркарската федерација на Австралија, Мет Скривен соопшти дека Брајан Горџијан ќе остане селектор на националниот тим.
Австралија заврши десетта на Мундобаскетот, но се квалификува за Олимписките игри во Париз следната година.
„Брајан е еден од најценетите и најквалификуваните тренери во нашата земја. Тој е под договор до Париз и нашата доверба во него е несомнена“, изјави Скривен.