МЗТ Скопје со три добри четвртини и пораз од Арис

196

МЗТ Скопје Аеродром денеска го одигра првиот подготвителен натпревар во пресрет на новата сезона. Актуелниот македонски првак беше гостин кај повеќекратниот грчки шампион Арис, каде беше поразен со (67-87).

Кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа одлични три четвртини (14-22, 25-13, 19-26) , водеа на полувремето (39-36), но поспремниот противник со серија 11-0 се одлепи во последниот период и дојде до триумф.

Бојан Крстевски со 12 поени беше најефикасен, Седрик Расел постигна 10 поени, Дамјан Робев беше стрелец на девет поени, Ијасу Ворку реализира седум, а Андреј Андоноски и Марко Баковиќ уфрлија по шест поени.

Серијата пријателски средби МЗТ Скопје ја продолжува во петок кога ќе го пречекува косовскиот тим Пеја.

ПретходноПелистер се засили со Танушев!
СледноНијаз Јусуфи по пауза од неколку месеци повторно со својот Вардар!