Од „Олд Трафорд“ во Бешикташ

201

Репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска, Ерик Бајли го напушти Манчестер Јунајтед и потпиша за турскиот гигант Бешикташ. Централниот бек минатата сезона ја помина како позајмен во Марсеј но одигра само 17 натпревари во Лига 1, а Јунајтед во новата сезона не смета на него и го ослободи.
Тој потпиша едногодишен договор со Бешикташ.
Бајли од 2016 до 2023 година беше член на Јунајтед. Англичаните го купија од Виљареал за 30 милиони фунти. Претходно играше и за Еспањол.
За БС Коска има 49 натпревари.

ПретходноУС Опен: Новак го збриша Американецот Фриц за пласман во полуфиналето!
СледноНа 32 години ќе дебитира за Германија