Осијек ја потврди ексклузивата на “СпортСпорт“: Јован Манев е ново име во нашиот клуб!

532

 

И официјално Јован Манев е нов член на Осијек, на еден од најдобрите клубови во Хрватска. Пред околу еден час, на своите официјални социјални мрежи, клубот од ХНЛ ја потврди ексклузивата на „СпортСпорт“. Имено ние први објавивме дека младиот дефанзивец и актуелен репрезентативец на Македонија, ќе игра за Осијекдо крајот на оваа сезона а потоа за милионска сума ќе потпише и перманентен договор.

Инаку од Осијек се пофалија со тоа дека имаат нов член и дека Манев ќе биде промовиран откако на Македонецот ќе му завршат репрезентативните обврски.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 6.КОЛО: Ибраими повторно во елемент
СледноЉутви Билали доаѓа во Вардар!