Македонија ќе мора без капитенот Никола Ѓорѓиев на денешниот дуел со Холандија. Непосредно пред мечот, Ѓорѓиев се пожали на болки во грбот, поради што нема да биде во состојба да го одигра денешниот меч.
Лекарите и физиотарапевтот се обидуваа да го оспособат, но очигледно ќе мора да ги зачува силите за утрешниот дуел со Чешка. Ова е голем пех за нас во обидот денеска да стигнеме до изненадување на дуелот против фаворизираната Холандија.