УС Опен: Новак го збриша Американецот Фриц за пласман во полуфиналето!

376

Зарем некој можеше да претпостави дека Тејлор Фриц ќе може нешто да стори во четвртфиналниот меч на УС Опен против Новак Ѓоковиќ?

Се разбира такви преголеми оптимисти беа сосема малку, но Новак уште еднаш покажа дека е класа за себе. Тој вечерва на стадионот „Артур Еш“, успеа со 3:0 во сетови просто да го збриши од терено Фриц и со тоа да се најде во полуфиналето, а таму ќе игра против подобриот од дуелот Шелтон – Тијафо. Значи пак против Американец.

Србинот првиот сет го доби со 6:1 и веднаш покажа кој е кој на овој меч. Во вториот беше 6:4, а најмногу борба од Фриц видовме во третиот сет, кој сепак Новак го доби со 6:4.

Инаку Новак на овој турнир ја “брка“ својата 24 гренслем титула.

ПретходноНова авантура на Стеван Јоветиќ – сега во Олимпијакос
СледноОд „Олд Трафорд“ во Бешикташ