Германија е полуфиналист на Мундобаскетот

215

Репрезентацијата на Германија е полуфиналист на тековното Светско првенство во кошарка откако предмалку по голема борба ја совлада Летонија со конечни 81:79. Неизвесниот дуел имаше драматичен тек уште од самиот старт кога Летонија поведе со 6:18, Германија ја анулираше оваа негатива, за да се стигне до егал во самиот финиш.

Во истиот Германија имаше поголема концентрација, подобра дефанзива го погоди клучниот шут и заслужено оди понатаму.

Вагнер со 16 поени најдобар кај победничкиот тим додека Загарс со 24 односно Бертанс со 20 најјефикасни на целиот дуел.

Сега, Германија во полуфиналето оди на најтешкиот можен противник, а тоа е репрезентацијата на САД, додека пак втората полуфинална двојка ќе ја добиеме нешто подоцна денеска кога се игра дуелот помешу Канада и Словенија. Србија го очекува противникот од овој меч.

 

ПретходноЧесите стравуваат од полна сала: Навивачите прават бурна атмосфера
СледноШелтон избори полуфинале против Новак на УС Опен