Донарума: Мечот во Скопје нема да биде одмазда, но сите се сеќаваме што се случи во Палермо!

349

В сабота во Скопје на Националната Арена“Тодор Проески“ сеигра натпреварот од квалификаците за ЕВРО 2024 меѓу Македонија и Италија. Се разбира дека ова ќе биде спектакл, а секако дека Италија доаѓасо мотив повеќе после се она што се случи во март минатата година во Палермо.

Голманот на Италијанците, Џиџи Донарума сепак си има свој коментар за претстојниот дуел со Македонија.

“Саботниот меч нема да биде одмазда. Пред се треба да се грижиме како играме ние. Пред нас е деликатен предизвик, и сите се сеќаваме што се случи во Палермо“ посочи Донарума кој сеуште во глава му се врти тој меч и таа 90+2.минута кога Трајковски од 25 метри му даде гол и со тоа и донесе победа на Македонија.

“Јас не бев на голот во 2016 кога победивме со 2:3, но јас бев тогаш во Скопје, тогаш Буфон бранеше. И тогаш не беше лесно, свесни сме дека и во сабота нема да биде лесно“ рече покрај другото голманот на репрезентацијата на Италија.

ПретходноМиленковски: И благодарам на публиката, не треба да се разочарува!
СледноОдбојкарите со чартер лет и европскиот крем утре патуваат за Бари