Интер го направи Инзаги трет најплатен тренер во Серија А

278

„Нероаѕурите“ синоќа го потврдија продолжувањето на договорот со актуелниот тренер на тимот, Симоне Инзаги до 2025 година. 47-годишниот стратег сега е трет најплатен тренер во италијанската Серија А, по Масимилијано Алегри од Јувентус и Жозе Мурињо од Рома.

Платата на Инзаги се зголемува на 5,5 милиони евра по сезона по неговото обновување на договорот со Интер, додека Алегри и Мурињо добиваат 7 милиони евра годишно.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, е четвртиот најплатен со плата од 4 милиони евра годишно.

ПретходноНа враќање од Мундобаскетот починал физиотeрапевтот на Доминиканската република
СледноЧесите стравуваат од полна сала: Навивачите прават бурна атмосфера