Првиот судија во Премиер лигата потврди: Голот на Аке беше од офсајд, неверојатно е како ВАР не го поништи

437

Вториот гол на Манчестер Сити против Фулам беше од офсајд. Тоа лично го потврди и првиот човек на судиите во Прфемиер лигата во Англија.

„Граѓаните“ победија со 5-1 во мечот кој с еодигра во монатото коло од Премиер лигата, но реакциите по социјалните мрежи и во јавноста се покажаа исправни.

Во петтата минута од продолжението во првото полувреме, дефанзивецот на Сити, Нејтан Аке, го погоди противничкиот гол по нафрлување од корнер. Топката прелета меѓу нозете на Мануел Аканџи, кој беше во офсајд, и заврши во мрежата.

Иако ВАР ја испита ситуацијата, голот не беше поништен.

„Ситуацијата е очигледна – ова е офсајд позиција. Мислам дека овој гол требаше да биде поништен. Аканџи има влијание врз голманот и тука нема ништо спорно“, изјави главниот судија во Премиер лигата, Хауард Веб.

Натпреварот го водеше судиски тим предводен од Мајкл Оливер.

ПретходноГоразд Михаилов е прв пик за нов тренер на Шкупи, се споменува и Просинечки!
СледноДанецот си замина од Ница: Каспер Шмајхел ќе брани за Андерлехт