Македонската одбојкарска репрезентација како четвртопласирана патува за Бари каде во осминафиналето ќе ги одмери силите со еден од фаворитите за освојување на ЕП, Италија. Нашите момци вечерва беа поразени од Чешка со 3-0 и групната фаза ја завршуваат со две победи и три порази.
По последниот меч Дарко Ангеловски испрати порака до фановите.
„Чешка беше подобра. Низ средината не сардисаат. И се извинувам на македонската јавност за поразот од Чешка. Со оваа генерација испишавме историја. Одигравме квалитетни мечеви. Мило ми е што се пласиравме во осминафиналето. Благодарам Македонијо, навистина е преубаво е да се игра пред вакава публика“, изјави популарниот Шаби.