19-годишниот новосаѓанец Михајло Милосавиќ ќе биде ново засилување за екипата на Вардар. Станува збор за младински репрезентативец на Србија кој го носи дресот на екипата на Бачка Топола и кој во Вардар ќе биде добро освежување на позицијата офанзивен играч за врска.
Вардар се обидува да го засили тимот во пресрет на продолжението од сезоната и да создаде респектабилен тим во трката за бекство од дното. Милосавиќ е дете на Војводина, а во изминатите години играше и за Партизан и за Црвена звезда, пред да се пресели во екипата на Бачка Топола.