Вардар 1961 го урна европски Пелистер и го освои Супер-Купот

401

Првата битка за пехарот пред стартот на сезоната му припадна на Вардар 1961 кој славеше против Пелистер со 26-20 во рамките на Супер-Купот. Дуелот мина во изедначена битка, со резултатска нишалка, и најважно од се во одлична атмосфера.

За „црвено-црните“ ова е четвртти пехар во ова натпреварување, зад себе го остави толку битолскиот состав, кој има два.

Срдановиќ имаше осум гола, додека Петриќ запиша седум погодоци. На другата страна Радивојевиќ беше стрелец на седум гола.

Вардар го отвори дуелот 0-1, Пелистер со сeрија од 3-0 дојде на плус два 5-3 во десетата минута. Налетот на македонскиот првак го прекина Петриќ, реализираше од седум метри за 5-4. При резултат 7-5, Гедбан ја запиша третата одбрана, а Томовски на другата страна не му дозволи противникот да дојде на плус три.

Срдановиќ имаше еден од два од седум метри, Вардар пропушти шанса да изедначи. Пелистер казни за 8-6 на средината на прво полувреме. Сепак и битолчани не беа перфектни, па „црвено-црните“ со добра одбрана и три гола во низа го вратија водството, беше 8-9 во 22 минута (Петриќ постигна два гола, еден Јасухира).

Јовиќ и Шундовски повикаа тајм-аут, а битката се разгоре на теренот. Се играше гол за гол, па на полувремето беше 13-13.

Првиот гол во второто полувреме „падна“ после три и пол минути, реализатор беше Танкоски за 14-13. Томовски се разбрани, а Мишевски, Лазаревски и Николиќ вратија со три гола за 14-16 во 37. минута.

Предноста од два гола, актуелниот освојувач на Купот на Македонија ја одржуваше до 40 минута, кога Пешевски и Цехте изедначија на 17-17. И повторно мечот влезе во игра гол за гол. Чекорот напред од еден погодок го имаше „црвено-црните“.

Се чекаше некој да киксне, а тоа го стори Пелистер, Лазаревски со мајстроија зголеми на 23-25 во 52. минута. Вардар 1961 водеше и со 24-26. Битолчани не искористија шанса за изедначување, па на другата страна Јасухуира и Петриќ зголемија на 25-28 во 58. минута, а потоа и на 26-29. Немаше време за кам-бек, Пелистер беше скршен.

 

ПретходноПСЖ не ги пријави Екитике и Верати за ЛШ
СледноМожеби составот е променет, ама „апетитите“ остануваат исти (ФОТО)