„Врие“ во Минхен на линија Баерн – Тухел

860

Проблемите во тимот на Баерн Минхен очигледно не се непознаница на стартот од нивата сезона. Лошиот трансфер прозорец во кој Баерн не успеа да ги оствари плановите ја подгреа атмосферата, а истата кулминираше по изјавите на тренерот Томас Тухел по победата над Борусија Менхенгладбах дека составот е „тенок“ и дека неговиот избор на квалитетни фудбалери е ограничен.

Во текот на летото, Тухел не криеше  дека сака да ангажира одбранбен играч за врска и покрај верувањето на извршниот директор на Баерн, Јан-Кристијан Дрисен и техничкиот директор Марко Непе дека има малку потреба од таков тип на играчи. Поради тоа, сега кога е затворен преодниот рок, ги нервира што Тухел продолжува да притиска за дефанзивен играч за врска.

Од таборот на Баерн се надеваат дека Тухел сега ќе се фокусира на составот што го има наместо да коментира за неуспешните трансфери. Во информациите на „Билд“ се наведува дека Тухел самиот влијаел на оваа ситуација со фактот што дозволил трансфери на неколку играчи кои си заминаа летово од Минхен.

Ситуацијата кулминираше и по прашето на десен бек, затоа што управата на Баерн на Тухел му понуди неколку решенија од типот на Жоао Кансело и Тревор Чалоба но стратегот не даде зелено светло за ниту еден од нив.

 

ПретходноГлејзерси одлучија, Јунајтед не е на продажба, акциите на клубот рапидно паднаа на вредност
СледноЈунајтед сериозно размислува дa го суспендира Aнтони