По заминувањето на Чихат Арслан од Шкупи, раководството на чаирчани е во потрага по нов шеф на стручниот штаб. Има разговори и преговори со повеќе тренери, но според нашите информации се издвојува едно име како прв пик, а тоа е Горазд Михаилов, актуелниот шеф на стручниот штаб на Силекс. Претходно и успешен тренер на Тетекс, Борец, Пелистер, Охрид…
Тој е наблиску до клупата на Шкупи.
Инаку се шпекулира, покрај други имиња, и со Роберт Просинечки,славното име од овие простори, кој сега е стратег на Рудеш, клуб од елитната лига во Хрватска.
Секако дека Шкупи за време на репрезентативната пауза ќе мора да назначи шеф на струката. На потег е раководството на чаирчани.