Дончиќ се расправаше со судиите, избега од новинарите, па порача: „Фрустриран сум…“

461

Словенија го заврши настапот на Мундобаскетот во четвртфиналето по поразот од Канада со 100:89. Најдобриот нивен играч Лука Дончиќ го заврши мечот со 26 поени со лош процент на шут од игра, а предвреме го напушти теренот поради две технички грешки. Тие беа поради расправање со судиите и со противничкиот играч Дилан Брукс.

Дончиќ не сакаше да дава изјави во микс зоната и само помина покрај новинарите. Сепак, мораше да се појави на прес-конференцијата и објасни дека е горд на тимот.
Да им честитам на Канаѓаните кои играа одлично, физички беа подобри. Имаат еден од најдобрите кошаркари на светот кого е тешко да се чува. Горд сум на тимот затоа што сите дадоа 100 отсто“, изјави Дончиќ кој зборуваше за дуелот со Брукс.

Мислам дека сите знаат каква е фрустрацијата кога се игра за националниот тим. Има многу емоции и некогаш не можам да ги контролирам. Мислам дека не е фер како судиите не му свиреа (на Брукс) фаули, го пуштија да биде груб кон мене. Тоа не е фер. Ми дадоа да игра силно физички со мене. Многу луѓе не го сакаат, но јас го почитувам поради тоа што го прави“, изјави најдобриот словенечки кошаркар.

ПретходноБенфика најмногу заработила од продажба на играчи
СледноУ21 репрезентацијата тренираше во Јончепинг: Ќе дадеме се од себе за добар старт на квалификациите