Им донесе светска титула, па го отпуштија затоа што бил близок со Рубиалес!?

214

Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) го разрешила селекторот на женската репрезентација Хорхе Вилда по скандалот кој се случи по финалето на Светското првенство. Иако Шпанките под водство на Вилда станаа светски шампионки, само поради блискоста на селекторот со критикуваниот претседател Луис Рубиалес, тој е отстранет од селекторското место!?

Вилда беше разрешен од новото раководство на РФЕФ, кое беше формирано по суспензијата на Рубиалес. Привремениот претседател Педро Роча во изјавата рече дека бакнежот на Рубиалес кон Хермоза, за кој тврди дека бил против нејзината волја, го нарушил угледот и меѓународниот престиж на шпанското општество и спорт.

Синдикатот ја назначи Монсе Томе за нов селектор, која ќе стане првата жена на оваа позиција во Шпанија.

ПретходноДанецот си замина од Ница: Каспер Шмајхел ќе брани за Андерлехт
СледноСпалети „гради“ нова Италија: Формација со тројца напаѓачи и без сигурни стартери