„Нероаѕурите“ синоќа го потврдија продолжувањето на договорот со актуелниот тренер на тимот, Симоне Инзаги до 2025 година. 47-годишниот стратег сега е трет најплатен тренер во италијанската Серија А, по Масимилијано Алегри од Јувентус и Жозе Мурињо од Рома.
Платата на Инзаги се зголемува на 5,5 милиони евра по сезона по неговото обновување на договорот со Интер, додека Алегри и Мурињо добиваат 7 милиони евра годишно.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, е четвртиот најплатен со плата од 4 милиони евра годишно.