Медведев едвај дишеше, сепак преку кумот влезе во полуфиналето на УС Опен

562

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во полуфиналето на УС Опен.

Третопласираниот во светот во четвртфиналето го победи својот кум и сонародник Андреј Рубљев со 3:0. Во сетови беше 6:4, 6:3, 6:4. Дуелот траеше два часа и 48 минути.

Многу поголем проблем од Рублев, за Медведев беа неподносливите горештини во Њујорк, тешко се дишеше во текот на целиот меч, неколку пати му беше укажана лекарска помош, но сепак успеа да слави против осмото рангираниот тенисер во светот.

Инаку, Рубљов го крштевал детето на Данило Медведев и така станале кумови.

Медведев, кој го освои УС Опен пред две години, во полуфиналето го чека подобриот од дуелот меѓу бранителот на титулата Карлос Алкараз и Александар Зверев.

ПретходноКутињо ќе игра за Ал Духаил од Доха
СледноФил Џонс се врати во Манчестер Јунајтед