Миленковски: И благодарам на публиката, не треба да се разочарува!

179

Македонската одбојкарска репрезентација ја исполни целта, патува во Бари каде за првпат во својата историја ќе игра осминафинале на едно Европско првенство. Она за што жалат нашите момци е поразот од Чешка, сакаа со победа да и се заблагодарат на целата македонска јавност за поддршката во изминатите денови.

„И на минатото ЕП, Чешка постигнувше големи резултати, сите играчи играат во полската лига. Нема што да жалиме, дали ќе беше Србија или Италија. Јас посакував против Италија ретка можност да се игра против светски и европски првак. 

Имавме прекрасна атмосфера, благодариме за поддршката. Да не се разочаруваат, ова можеби е максимумот. Можеби веќе не фати и заморот. После 2-0 е тешко е да се вратиш назад, особено кога противникот е подобар. 

Треба да бидеме задоволни, пред се од резултатот, имавме добри мечеви. Не можевме да парираме кога играш против супериорен противник. Мислам дека вчера бевме подобри“, вели Јошко Миленковски, кој потенцира дека Македонија со елитата ќе патува во Бари. 

Италија не чека во Бари, предводникот на национален тим вели дека треба да уживаат.

„Станува збор за репрезентација со врвни играчи, генерација која ја немале одамна, која освои се што може да се освои. Ќе бидат главни кандидати и на ОИ во Париз. Треба да го најдеме задоволството во учеството во Бари, се пласиравме меѓу 16-те најдобри екипи. Ова треба да биде поттик за следните години, ова ЕП треба да биде пример како треба да функционира одбојката“, рече предводникот на нашиот најдобар национален тим. 

ПретходноПромоција: Вардар Неготино се пофали со Филип Петковски!
СледноДонарума: Мечот во Скопје нема да биде одмазда, но сите се сеќаваме што се случи во Палермо!