Мурињо: Ќе ме суспендираат десет меча ако кажам што мислам

270

Жозе Мурињо тврди дека би добил 10 натпревари суспензија доколку го каже своето мислење за финалето на Европската лига минатата сезона во кое неговата Рома беше поразена од Севиља по изведување на пенали. Правејќи пресек на неговата кариера во европските натпреварувања, Мурињо беше замолен да каже што мисли за фотографиите пред него.

На едната е во друштво на Пеп Гвардиола и Златан Ибрахимовиќ, од ерата кога работеше во Барселона. „Се играат разни умствени игри“, одговори тој, а за неговата прослава со Челзи рече: „Чиста радост“.

Кога му беа претставени фотографии на кои ја слави победата во Лигата на Европа со Манчестер Јунајтед и фотографија од поразот од Севиља, тој рече: „Истото. Освојувањето на Лига Европа со Јунајтед предизвикува нормални чувства. За другата ако кажам што мислам, ќе ми забранат да водам десет натпревари“.

ПретходноЕрмедин Адем во дресот на Работнички!
СледноТретата победа остана само желба: Чешка ја потврди разликата во квалитет