Пелистер има шанса да се изедначи со Вардар по бројот на пехари барем во едно натпреварување!

226

Струмица денеска ќе биде во центарот на вниманието во ракометната јавност. За првпат пред почетокот на сезоната силите ќе ги одмерат вечните ривали, освојувачот на Купот на Македонија, Вардар 1961 и бранителот на тронот, Пелистер.

Двата тима ќе се борат за првиот пехар, а тоа во Супер-купот, мечот се игра во салата „Парк“ со почеток во 18 часот (директен преност на МТВ).

Вардар 1961 и Пелистер ги сменија улогите, сега битолчани ќе бидат единствен претставник во Лигата на шампиони во која пак „црвено-црните“ освоија два пехари. Најтрофејниот македонски тим сезонава ќе има нов лик, направи бројни играчки промени во составот, што пак за Пелистер може да биде проблем со оглед на тоа дека е прва средба. На другата страна и битолчани имаат новитети кога станува збор за играчкиот кадар, се градеше состав на Лига на шампиони. Но, кига станува збор за пресметките меѓу овие два тима, нема правила во однос на силата и квалитетот, тука главна улога игра мотивацијата.

Во Супер-Купот, Вардар е во предност, има три пехари, последниот го освои во 2019 година. По ова на сцена настапи Пелистер, кој славеше во 2021 и 2022 година. Сега битолчани ќе имаат шанса да се изедначат со „црвено-црните“ по бројот на трофеи барем во едно натпреварување.

Денешната средба треба да биде вистински празник, на трибините се највени двете навивачки групи. Билетите се продаваат по цена од 150 денари.

ПретходноАполон броеше до девет против Љуботен
СледноЗалаегерсег го претстави Тодороски