ПСЖ не ги пријави Екитике и Верати за ЛШ

71

Пари Сен Жермен ги изостави Уго Екитике и Марко Верати од списокот за настап во групната фаза на Лигата на шампионите, пренесува „РМЦ Спорт“. Одлуката да биде исклучен Екитике не е изненадување со оглед на неговото одбивање да биде вклучен во размената со Коло Муани во Ајнтрахт.
Неговото одбивање го стави во опасност трансферот на Коло Муани во ПСЖ. Младиот фудбалер сакаше да остане во ПСЖ, одбивајќи да игра за бундеслигашот.
Марко Верати е пред заминување, за него се интересираат клубови од Саудиска Арабија но засега трансферот не е реализиран. ПСЖ не чекаше и го исклучи Верати, а списокот го пополни со друг фудбалер.
А Кимпембе кој се уште се лекува од сериозна повреда и ветеранот Кејлор Навас се во групата за ЛШ.
ПСЖ е во група со Борусија Дортмунд, Милан и Њукасл.

ПретходноПандев: Италија сега е поопасна, ми се допаѓа Миовски, жал ми е за Трајковски
СледноВардар 1961 го урна европски Пелистер и го освои Супер-Купот