Роналдо сурово искрен: Јас и Меси завршивме, одбележавме една ера!

542

Кристијано Роналдо изјави дека на ривалството меѓу него и Лионел Меси му дојде крајот.

Португалецот минатата зима ја напушти најголемата фудбалска сцена, со трансфер во Ал Наср, додека Аргентинецот летово потпиша за Интер Мајами.

Бидејќи Португалецот има 38 години, а Меси 36, апсолутно е јасно дека нивното време заедно помина.

„Ако го сакате Кристијано, не мора да го мразите Меси. Ние двајца ја променивме историјата на фудбалот и има голема почит меѓу нас. Ривалство? Не гледам на тие работи така, споделивме најголемата сцена за 15 години. Не велам дека сме пријатели, но се почитуваме“, рече Роналдо.

Да потсетиме дека Роналдо пристигна во Манчестер Јунајтед во 2003 година, а Меси дебитираше за Барселона една година подоцна. Практично, тогаш постепено растеше и се појави големо ривалство, кое заврши на неодамнешното Светско првенство во Катар, кое го освои Аргентина.

ПретходноДеби со трофеј на легендата Стојанче Стоилов!
СледноЕрмедин Адем во дресот на Работнички!